За Нас
Премиум брендови, една дестинација

Me Brands е малопродажна продавница создадена со страст и визија од компанијата МаркЕв, со цел да ги донесе најдобрите светски брендови поблиску до вас. Како официјални увозници на признати имиња како Attipas, Banz, Barner, Bombata, Cosy, Infinite Book и Urbanista, ние нудиме внимателно одбрана палета на производи кои го збогатуваат секојдневието.
Во Me Brands веруваме дека квалитетот, функционалноста и добриот дизајн треба да бидат достапни за секого. Нашата мисија е едноставна – да ви понудиме производи што ќе ги сакате, и искуство што ќе го паметите.
Нашата идеја
Во сржта на сè што правиме, поставивме цел да понудиме најдобар квалитет.
Нашата идеја е да воведуваме новитети и тренди производи на пазарот, со докажан квалитет, кои ќе го подобрат секојдневието на секој човек. Брендовите и производите со кои работиме ги одбираме со особено внимание, се грижиме за нивниот имиџ и се стремиме нивната приказна да допре до секој потенцијален корисник.
Особено сме горди што во овој краток период од нашето постоење успеавме да воспоставиме соработка со најголемите компании на македонскиот пазар, кои го препознаа квалитетот и потребата од производите од нашето портфолио и со задоволство ги пласираа во своите малопродажни објекти, правејќи ги достапни за купувачите.
Како започна
МаркЕв ДОО е компанија основана во февруари 2020 година, со ентузијазам и визија за внесување свежина и квалитет на македонскиот пазар. Нашето работење, всушност, се состои во дистрибуција и застапување на квалитетни брендови кои се потребни на пазарот, а производите ги пласираме на најдобрите малопродажни локации на нашите соработници, кои се лесно достапни за секој потенцијален купувач. Компанијата го темели своето работење на принципите на етичко, одговорно и одржливо функционирање.
9+
Премиум Брендови
300+
Производи
2020
Основана