6 настани на кои детето треба да носи антифони слушалки
Гласните звуци може да бидат поопасни за децата и бебињата отколку што очекувате. Нивниот слух е во полн развој во првите неколку години и е неверојатно ранлив.

Антифоните слушалки станаа особено актуелни затоа што го штитат слухот на децата додека им овозможуваат на родителите поголема удобност и можност да учествуваат на различни настани без потреба да ги оставаат децата дома. Децата до 36 месеци особено имаат корист од овие заштитници.
При патување со авион
Воздушниот притисок и гласните непознати звуци во авионот може да бидат непријатни за малите дечиња, доколку ушите им се незаштитени. Антифоните му помагаат на детето да заспие поудобно за време на летот.
На свадби и прослави
Ако сте родители кои не сакаат своето бебе или дете да го остават дома додека целото семејство се весели, антифоните слушалки се совршено решение за удобност и заштита на слухот.
Спортски натпревари
Дури и да сакате детето да ужива во глетката, додека не наполни 36 месеци, пожелно е да го поштедите од непредвидената галама на спортските настани.
Во присуство на огномет
Експлозивните звуци може да го вознемират детето. Антифоните слушалки ќе му овозможат да ужива во глетката, без стрес.
Реновирање низ дома
Ако се подготвувате за гласно кршење на плочки или било какво поголемо реновирање низ дома, антифоните ќе му помогнат на детето да остане мирно и да заспие без проблем.
Во кино
Филмските проекции може да достигнат ниво на гласност до 98 децибели, што е на исто ниво како кога полетува авион или до вас поминува воз.
Зошто Banz антифони?
Banz антифоните слушалки се лесни производи кои спречуваат прекумерна стимулација од бучава, овозможувајќи им на бебињата и децата мирно да спијат додека патуваат.
Детето не е комплетно изолирано од звуците, бидејќи од најрана возраст е важно да е изложено на звуци заради развој на слухот. Тие сè уште ги препознаваат амбиенталните звуци и гласовите на родителите, само на намалена јачина доволна за одржување на мирот и безбедноста.
Чувајте го слухот на вашето дете
Носете го своето дете секаде со себе и уживајте во заедничките авантури!
Погледни ги производите